Актуелниот македонски шампион Шкендија вечерва пристигна во Велс, каде што ја започнува својата европска кампања во квалификациите за Лигата на шампионите. Тетовци се сместија во градот Освестри, каде во вторник, со почеток од 20 часот, ќе го одиграат првиот натпревар од првото квалификациско коло против велшкиот првак ТНС.

По завршувањето на интензивните подготовки, тимот на тренерот Јетон Беќири е подготвен и мотивиран за успешен старт во Европа. Шкендија ќе се обиде да извлече поволен резултат на гостински терен, кој би им дал добра предност пред реваншот во Македонија.
Клубот се надева дека оваа сезона ќе направи чекор понатаму во европските натпреварувања, а фудбалската јавност со голем интерес го очекува првиот дуел на македонскиот претставник.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













