Connect with us

Шкендија посрамена и од Дуделанж (1-2)

Македонскиот првак Шкендија загуби и во вториот европски настап пред домашната публика. И во Лигата на Европа, Шкендија е поразена од Дуделанж, претставникот на Луксембург со 1-2. 

Рано водство и добра игра само во првото полувреме, а потоа и голем пад во играта. Грешки на голманот Бекир Реџепи и на одбраната кои донесоа нов пораз. Агим Ибраими од пенал донесе водство за Шкендија, а Омајеб и Синани од пенал во вториот дел направија целосен пресврт.    

Шкендија дојде во водство во седмата минута. Марјан Радески заработи најстрога казна откако беше срушен во шеснаесетникот, а Агим Ибраими лесно го погоди пеналот за водство на македонскиот првак. 

Нова шанса Шкендија имаше во 27.минута. Марјан Радески доби одлична топка од позадина, излезе сам пред противничкиот голман и се обиде да го лобува, но многу неуспешно. Во 38.минута, Агим Ибраими шутираше од левата страна, но за малку беше непрецизен, а две минути подоцна Фелипе се закани. Шкендија на полувреме замина со минимална предност. 

Во второто полувреме, обиди на Радески, Агим Ибраими и на Фелипе, а потоа огромен кикс на голманот Бекир Реџепи. Истрча на една топка, таа го прелета и нововлезениот Бетајеб го израмни резултатот.   

Само четири минути подоцна, Реџепи несмасно направи и пенал, а Синани го претвори во водство за гостите од Луксембург.    

Агим Ибраими во 84.минута шутираше од 20 метри, но Тим Кипс успеа да одбрани и да исфрли во корнер.  

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЛИГА ЕВРОПА – ВТОРО КОЛО

ШКЕНДИЈА – ДУДЕЛАНЖ 1-2 (1-0)

Арена „Тодор Проески“. Гледачи: 3.000. Судија: Торе Хансен (Норвешка). Стрелци: А Ибраими 7’ пенал (Шкендија), Бетајеб 64’, Синани 68’ (Дуделанж). Ж. картони: Радески, Мици, Реџепи (Шкендија), Бухуари,  Покар (Дуделанж). 

ШКЕНДИЈА: Реџепи, Мурати, Муслиу, Бејтулаи, Мици (76’ Имери), Хусмани (60’ Тотре), Алими, Фелипе, А. Ибраими, Жуниор, Радески (62’ Б. Ибраими). 

ДУДЕЛАНЖ: Кипс, Шнел, Делгадо, Кирч, Бугрин (46’ Берние), Покар, Штолц, Гарос (79’ Морен), Бухуари, Синани, Кабрал (64’ Бетајеб).   

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови