
Шкендија посакува триумф над Македонија ЃП за да ја намали негативата во однос на лидерот Вардар повторно на осум бода. Вардарци вчера ремизираа без голови против Работнички, а тоа е шанса за составот на Ернест Ѓока.
„Не очекува тежок натпревар против цврст противник, но Шкендија посакува победа. Но треба ида се избориме за тоа. Во минатото коло и покрај надмоќта не успеавме до трите бода во Кратово“ – вели шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ернест Ѓока.
Во останатите два денешни дуели, Академија Пандев во битка за првата победа пролетва против последнопласираниот Борец, додека Шкупи на домашен терен ја пречекува Ренова.
ПМФЛ – 21. КОЛО (денеска, 14 ч.)
Струмица: АК. ПАНДЕВ – БОРЕЦ
Тетово: ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП
Скопје: ШКУПИ – РЕНОВА
ВЧЕРА
ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 0-0
СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС 0-0

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
