
Шкендија во Тетово го победи Вардар со 3-0, во најинтересниот дуел од 21.коло во Првата фудбалска лига. Енур Тотре не реализира пенал, но Ералдо Чинари со два гола, во 34. и во 39.минута, донесе убава предност на полувремето. Третиот гол беше дело на Бруно Дита во 54.минута.
Шкупи на Чаир немаше муниција против Тиквеш и одигра 0-0.
Силекс успеа да ја сопре Струга Трим Лум во Кратово. На овој дуел исто така немаше голови. Голманот Даниел Божиновски во 39.минута успеа да одбрани пенал и спаси бод за Силекс. Тој го скроти ударот на Ванѓел Згуро од белата точка.
Работнички се врати на Арената Тодор Проески и ја пречека Брегалница. “Романтичарите” славеа со 2-0, со головите на Марселин Гандо Биала со ножички во 45.минута и на Рашид Садик во 80.минута.
Македонија ЃП и Воска во Ѓорче Петров играа „жежок“ меч за опстанок, а на крајот славеа гостите со 1-2. Самир Фазли го отвори резултатот, но Воска одговори со два гола. Стијеповиќ израмни пред полувремето, а Марушиќ во вториот дел постигна гол за пресврт. Тоа е прв триумф за Срѓан Захариевски на клупата на Воска Спорт.
Гостивар го расипа перфектниот пролетен ефект на Брера победувајќи со 2-0. Алпер Потук донесе предност, а во финишот Гостивар го потврди триумфот со уште еден погодок кој беше дело на Такахара.
ПРВА ЛИГА, 21.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКЕНДИЈА – ВАРДАР 3-0
РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА 2-0
ШКУПИ – ТИКВЕШ 0-0
СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ 0-0
МАКЕДОНИЈА ЃП – ВОСКА СПОРТ 1-2
ГОСТИВАР – БРЕРА 2-0

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal