
Шкендија ја победи Македонија ЃП со 1-0 и се врати на победнички патеки и го чува врвот во Првата фудбалска лига. Ералдо Чинари беше стрелец на победничкиот гол во 59.минута од дуелот.
Гостивар го победи Вардар на СЦ „Борис Трајковски“ во Маџари со 0-2 и го испрати на дното на табелата.

Новото засилување Кенхинде со удар со глава донесе предност за гостиварци, а Гоба на крајот го потврди триумфот.
Брера и Силекс ремизираа во Струмица, 1-1.
Марко Ѓорѓиевски со глава погоди за 0-1, а Анѓелески во 58.минута не реализира пенал за гостите. Брера успеа да израмни и да освои бод со голот на Трајков во 76.минута.
Струга Трим Лум го победи Работнички со 1-0. Бесарт Ибраими не успеа да искористи пенал, но младиот Беким Камбери го постигна голот за триумф во 50.минута од мечот.
Шкупи со пресврт дојде до триумф од 2-3 на гости против Воска. Домаќините експресно поведоа преку Марушиќ, но потоа голманот Велии направи грешка што ја искористи Суад Сахити.
Дуду во 33.минута се погрижи за пресврт од 1-2, а Арби Воша зголеми на 1-3. Марушиќ од пенал намали на 2-3 во 82.минута.
Тиквеш во Кавадарци со пресврт дојде до триумф од 2-1 против Брегалница. Штипјани до предност дојдоа во 28. минута со голот на Колин Андерсон. Сепак, по грешката на Лвалива, Спахиу израмни на 1-1 во 59. минута.
Брегалница не искористи пенал преку Венегас во 69.минута, а Иван Ивановски постигна победнички гол за Тиквеш.
ПРВА ЛИГА, РЕЗУЛТАТИ, 8.КОЛО
ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0
СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ 1-0
БРЕРА – СИЛЕКС 1-1
ВАРДАР – ГОСТИВАР 0-2
ТИКВЕШ – БРЕГАЛНИЦА 2-1
ВОСКА СПОРТ – ШКУПИ 2-3

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го доби вечното македонско дерби со брзината и генијалните потези на Роџерс Мато,...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski