
Македонскиот првак Шкендија отвора нова европска авантура со двомечот против Номе Калју во првото коло од квалификациите во Лигата на шампионите. Тимот на Ќатип Османи денеска (18 часот) во Талин ќе игра против естонскиот шампион и сака да ја оправда фаворитската улога.
Капитенот Арменд Алими верува дека квалитетот на Шкендија ќе дојде до израз и ќе биде пресуден фактор за пласман во следната рунда.
„Натпреварите на европска сцена се секогаш тешки, нема лесни ривали, но, сепак, квалитетот речиси секогаш пресудува. Мислам дека Шкендија е поквалитетен тим, максимално сме мотивирани и фокусирани и веруваме во успех“, вели Арменд Алими.
Шкендија е голем фаворит на денешниот прв меч што ќе се игра во Талин. Главен судија е Доналд Робертсон од Шкотска.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
