Connect with us

Шкендија напладне ги пушта во продажба билетите за мечот со Шелбурн

Македонскиот првак Шкендија денеска напладне ги пушта во продажба билетите за натпреварот против Шелбурн (Ирска) во второто коло на УЕФА Конференциската лига. Тие ќе бидат пуштени во продажба онлајн преку мрежата МК Тикетс.

Подоцна ќе има и физичка продажба на билетите на следните локации: „Монако Тобако“ – Тетово и билетарницата на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје, само на денот на натпреварот (23.10.2025).

Цените на билетите за Јужната трибина се движат од 500 денари (блокови 1 и 6), 600 денари (блокови 2 и 5) до 750 денари (блокови 3 и 4).

Во продажба ќе бидат и билети за Северна трибина: 500 денари (блок 13), 700 денари (блокови 20, 21 и 23) и 800 денари (блок 14).

Натпреварот меѓу Шкендија и Шелбурн се игра в четврток, на 23.10.2025, со почеток во 18:45 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови