Connect with us

Шкендија минимално, Шкупи убедливо, Ренова го освои Велес

Лидерот Шкупи го прегази Пелистер со 5-0 и се зацврсти на врвот на табелата во Првата фудбалска лига. Тимот на Гоце Седлоски беше доминантен, два гола постигна Матеј Цветаноски, а во листата на стрелците се запишаа и Кире Маркоски, Марко Ѓорѓиевски и Константин Чешмеџиев.


Шкендија се мачеше во Тетово против Брегалница, но Јан Кривак го пронајде решението за бедемот на штипјани. Тој во 61.минута постигна победнички погодок за составот на Бруно Акраповиќ. Во првиот дел, Денковски му одбрани пенал на Љупче Дориев во 20.минута, а во вториот дел и на капитенот Егзон Бејтулаи.

Струга Трим Лум исто така минимално славеше над Работнички со 1-0 крај езерото. Клисман Цаке со прекрасно изведен слободен удар со надворешно ефе успеа да погоди во спротивиот горен агол во 57.минута и донесе триумф за стружани.

Ренова беше убедлива на гости против Борец и победи со 1-4. Бурхан Мустафов и Ремзифаик Селмани брзо го оладија домаќинот, а Перез зголеми на 0-3 до крајот на полувремето. Селмани во вториот дел постигна уште еден гол, а Ѓорѓи Ѓорѓиев беше стрелец на единствениот погодок за велешани.

Академија Пандев со 3-2 го совлада Тиквеш во возбудлив меч во Струмица. Мартин Мирчевски повторно беше херој за „пандевци“, го постигна победничкиот гол во 83.минута, а претходно во првото полувреме реализираше и пенал. Сава Радиќ исто така беше стрелец за домаќинот. Тиквеш погоди преку Ристе Каракамишев и Анаел Нгоба.

Вчера, Македонија ЃП го совлада Скопје на гости со 1-2.

ПРВА ЛИГА, 14.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР 5-0

ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА 1-0

СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ 1-0

БОРЕЦ – РЕНОВА 1-4

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ТИКВЕШ 3-2

ВЧЕРА: СКОПЈЕ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-2

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови