Македонскиот прволигаш Шкендија загуби минимално (0-1) од украинскиот гигант Динамо Киев во последниот тест во Анталија во пресрет на стартот на пролетниот дел од сезоната. Тимот на Ернест Ѓока прикажа квалитетна игра, одолеваше до пред самиот крај, а победничкиот погодок го постигна Богдан Леднев во 85.минута од мечот.
Тој добро се снајде во шеснаесетникот, прифати и од прва ја пласираше во мрежата длабинската топка која ја доби од Андриевски.
По овој натпревар, Шкендија ги заокружува подготовките во турскиот туристички центар и се враќа во Македонија каде следниот викенд ја очекува почетокот на пролетниот дел од првенството во Првата лига.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













