Александар Васоски не дебитираше со победа на клупата на Вардар. „Црвено-црните“ одиграа 2-2 против Силекс. Сепак, тоа е прв бод за вардарци во новата сезона.

Дарко Мицевски погоди од пенал во 40.минута, а Силекс остана со играч помалку по црвениот картон на Љамалари. Анѓелески израмни во 52.минута.
Велковски во 60.минута донесе нова предност за Вардар, но Кристијан Ефтимов израмни во 86.минута.
Шкендија ја совлада Брегалница со 2-0. Аганспахиќ беше стрелец на голот за водство на домаќините во Тетово во 62.минута од дуелот. Бруно Дита ја потврди победата во судиското продолжение.
Македонија ЃП и Шкупи во Ѓорче Петров одиграа возбудлив дуел, но на крајот без голови. “Лавовите” во финишот имаа среќа, бидејќи Шкупи ја затресе конструкцијата од голот на Стевковски.

Гостивар стигна до првата победа откако го совлада Работнички со 2-0. Алпер Потук во 12.минута го отвори резултатот, а во финишот од мечот триумфот го потврди Ремзифаик Селмани.
Утре се игра натпреварот меѓу Брера и Тиквеш во Струмица, а дуелот Воска – Струга ТЛ е закажан за 27. септември.
ПРВА ЛИГА, 4.КОЛО
ВАРДАР – СИЛЕКС 2-2
ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА 2-0
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ 0-0
ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ 2-0
УТРЕ: БРЕРА – ТИКВЕШ
ВОСКА – СТРУГА ТЛ (27.09.2023)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













