
Актуелниот првак Шкендија од вчера е во Анталија каде ќе ја реализира главната фаза од подготовките. За време на престојот во Турција, тетовскиот тим ќе одигра четири контролни натпревари.
Првиот натпревар е закажан за 15 јануари против унгарскиот Шиофок, а четири дена подоцна следи вториот тест против Пјаст Гливице од Полска.
Третата проверка за избраниците на Бруно Акраповиќ ќе биде на 23 јануари против Варта Познањ исто така од Полска, додека последниот пријателски натпревар е планиран на 27 јануари против Либерец од Чешка.
Шкендија на 28 јануари се враќаат во Тетово каде ќе продолжи со третата фаза од подготовките пред почетокот на пролетната полусезона која стартува на 13 февруари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
