Connect with us

Шкендија ја покоси Македонија ЃП и остана на лидерското место

Шкендија убедливо, со 5-0 ја доби денешната пресметка со Македонија Ѓорче Петров и ја задржа лидерската позиција во најдобрата домашна фудбалска конкуренција. 

Тетовци го имаа расположениот Бесарт Ибраими кој со две асистенции и еден гол беше најдобар поединец. Со денешните три бода Шкендија остана на два повеќе од Шкупи, додека Македонија ЃП падна на третото место со четири помалку од лидерот.

Младиот и суперталентиран Дашмир Елези, кој влезе во историјата на македонскиот фудбал како најмлад дебитант и стрелец на гол пред едно коло кога даде гол во ремито со Шкупи на 16 години и еден ден денеска по 11 минути ја најави победата на тетовци, а Љупчо Дориев и Бесарт Ибраими во четири минути во средина на првиот дел додадоа уште два за огромна и сигурна поведа веќе до паузата, за Валмир Нафиу и Енур Тотре со два гола од 88-та до 90-та да пукнат „петарда“ против „лавовите“.

Дембо Дарбо со два гола го врати Шкупи на победничкиот колосек после три ремија во низа, па Беласица денеска беше лесен плен за чаирчани, за кои прв сезонски погодок даде и костариканецот Фреди Алварез, по што Шкупи со два бода зад Шкендија сега е на второто место и практично сезонава битката за тронот ќе се води токму помеѓу овие два тима, кои досега покажаа и најголем квалитет.

Работнички конечно успеа да слави триумф (1-0) над Пелистер. Тимот на Ратко Достаниќ ја заслужи победата со поактивната игра во текот на целиот меч, а стрелец на голот беше Фахрудин Ѓурѓевиќ од пенал во 45.минута од дуелот. 

  

Борец со пресврт во последните 15 минути успеа да избие на четвртото место во пресметката со Струга, за да ги прескокне на табелата. Никола Прелчец во 74-та и Трајче Трајков во 86-та дадоа два гола за триумф со 2-1, откако стружани по 51-та минута водеа со гол на Абдулхади Јахја и тоа во момент кога беа со фудбалер помалку после исклучувањето на Бунјамин Шабани три минути пред полувремето.

Силекс врза втора победа во низа, па денеска го победи првакот Вардар со 1-0, иако кратовци цело второ полувреме го одиграа со фудбалер помалку, но Денис Ристов во 51-та минута го искористи моментот за да победи со 1-0 и со тоа да ги прескокне црвено-црните на табелата.

Ренова ја запиша втората победа во низа и Ќатип Османи го препороди тимот, кој вторпат за три дена стигна до минимална победа со 1-0, кога Шефит Шефити погоди, а до триумф дојде и Работнички против Пелистер за дебармаалци конечно да се израдуваат после подолга пауза, а да ја продлжат мизеријата на битолчани.

ПРВА ЛИГА, 14. КОЛО

Шкендија – Македонија ЃП 5-0 (3-0)
Елези 11, Дориев 35, Ибраими 39, Нафиу 88, Тотре 90

Шкупи – Беласица 3-1 (2-0)
Дембо 27, 82, Алварез 42 – Ивановски 60

Работнички – Пелистер 1-0 (1-0)
Ѓурѓевиќ 45 п.

Силекс – Вардар 1-0 (0-0)

Ристов 51

Академија Пандев – Ренова 0-1 (0-0)

Шефити 73

Борец – Струга Трим Лум 2-1 (0-0)

Прелчец 74, Трајков 86 – Јахја 51
 
Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови