Македонскиот првак Шкендија и велшкиот шампион ТНС ќе мораат да одиграат продолженија за евентуално да се одреди кој ќе се пласира во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. По ремито без голови на првиот меч во Велс, и вечерашниот дуел по 90 минути заврши со резултат 1-1, што значи дека патникот понатаму ќе се решава по дополнителен напор.
Шкендија, која важеше за фаворит пред реваншот, имаше иницијатива и поголема посед на топка, но не успеа да го искористи тоа со уште еден гол.
Тетовци поведоа преку Фабрис Тамба во 18. минута, но нивната предност траеше до самиот крај на првото полувреме, кога Џордан Вилијамс успеа да израмни по една грешка во одбраната.
Во вториот дел Шкендија повторно беше поопасна, но недостасуваше конкретна реализација. Во 85. минута беше досуден пенал за македонскиот тим, но по ВАР-интервенција беше утврдено дека во акцијата претходела офсајд позиција, па одлуката беше поништена.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













