Connect with us

Шкендија и Брера сакаат да се вратат на победнички пат

Шкендија и Брера се лидери на табелата со по 13 бода и размислуваат како да се задржат таму. Шкендија на домашен терен денеска (15 часот) ја пречекува Македонија ЃП, а дефанзивецот Клисман Цаке ја истакнува решеноста на тетовци да стигнат до триумф.


„Соочувањето со Македонија ЃП го очекуваме во многу добра атмосфера. Поразот со Силекс го прифативме тешко, со оглед дека бевме многу подобар тим, но тоа се работи што се случуваат во фудбалот. Залудно е да се зборува премногу, ќе излеземе на терен за а ги освоиме трите бода и ќе го дадеме нашиот одговор за да се вратиме во серија позитивни резултати”, изјави Клисман Цаке.


Брера загуби од Шкупи во последното коло, но сака експресно да се врати во побендички ритам на денешниот дуел со Силекс во Струмица.


„Мора да се вратиме на победите. Ја повикувам публиката да биде присутна и заедно да славиме нова победа. Можеби сум субјективен, но играме најдобар фудбал во Македонија“, изјави капитенот Марио Врдољак.


Шампионот Струга Трим Лум на домашен терен го пречекува Работнички, а во Кавадарци ќе се сретнат Тиквеш и Брегалница. Нивното ривалство има голема традиција.


Воска во Охрид е домаќин на Шкупи, додека Вардар ќе се пресмета со Гостивар.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 8.КОЛО


ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП


БРЕРА – СИЛЕКС


СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ


ТИКВЕШ – БРЕГАЛНИЦА


ВОСКА – ШКУПИ


ВАРДАР – ГОСТИВАР

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови