Актуелниот првак Шкендија ја раскина соработката со еден од најдобрите фудбалери, Арменд Алими. Одличниот играч за врска по седум години заминува од тетовскиот клуб со спогодбен раскин на договорот.
„Шкендија јавно изразува благодарност до Арменд Алими за посветеноста и посветеноста во „црвено-црниот дрес“ и му посакуваме многу среќа и успех во иднина. Вратите на нашиот клуб за Арменд секогаш ќе бидат отворени за различни соработки во иднина“, истакна Шкендија.
Арменд Алими за Шкендија постигна вкупно 45 гола, забележа повеќе од сто асистенции и освои вкупно пет трофеи, три шампионски титули и два пехари во Купот на Македонија.
!
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













