
Лидерот Шкендија гостува на Чаир во дерби натпреварот од петтото коло во Првата фудбалска лига. Тетовци се непоразени, а Шкупи сѐ уште се бара себеси оваа сезона, по многуте промени во играчкиот и во кадровскиот дел.
„Задоволство е да се играат вакви големи дерби натпревари. Како фудбалер, ми е мило што повторно ќе уживам во овој натпревар, а се надевам дека и гледачите ќе гледаат добар фудбал. Верувам дека ќе ги исполниме клупските очекувања на најдобар можен начин и ќе се вратиме со позитивен резултат“, изјави Бесарт Ибраими, напаѓачот на Шкендија.
Гостивар ќе го пречека Вардар во меч без публика на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Ќе биде тоа официјално деби на Срѓан Захариевски на клупата на најтрофејниот клуб. Гостивар делува како фаворит според досега прикажаното во првите четири кола, но секако ќе биде тоа интересен и неизвесен натпревар.
Работнички исто така е без пораз по првите четири кола, а денеска на Националната арена „Тодор Проески“ го пречекува Тиквеш.
Брера исто така има нов тренер, Горазд Михајлов, кој ќе дебитира на денешниот меч против Беса. Струмичани очекуваат брзо да излезат од кризата и да се искачат погоре на табелата.
Шампионот Струга Трим Лум гостува во Битола. Тренерот Ќатип Османи истакна дека Пелистер е тим кој игра одлично на домашен терен и потенцираше дека неговите фудбалери ќе мора да одиграат максимално одговорно, доколку сакаат да ја остварат целта.
Воска Спорт во Охрид ќе биде домаќин на Силекс.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 5. КОЛО (15 ЧАСОТ)
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА
ГОСТИВАР – ВАРДАР
РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ
БРЕРА – БЕСА
ПЕЛИСТЕР – СТРУГА ТЛ
ВОСКА СПОРТ – СИЛЕКС

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
