Бугаринот Наско Милев е најновото засилување за Шкендија. Тој треба да ја зголеми конкуренцијата во нападот на тетовскиот тим, а потпиша договор на 18 месеци со опција за продолжување на соработката на подолг период доколку двете страни бидат задоволни од првично реализираното.
26-годишниот напаѓач доаѓа од литванскиот клуб Паневезис. Кариерата ја започна во Ботев Пловдив, а има настапувано и за Славија Софија и за Локомотив Софија.
„Ова е еден од најдобрите клубови на Балканот и за мене е чест да дојдам овде и да играм за Шкендија. Тоа е клуб со фантастични навивачи, клуб со традиција, историја и клуб со големи цели. Доаѓам со желба и самодоверба да му помогнам на клубот да ги оствари своите амбиции. Верувам дека со голови можам да му помогнам на тимот да го заземе првото место на табелата“, изјави Наско Милев за официјалниот сајт на Шкендија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













