Connect with us

Шкендија го раскина договорот со Камер Ќака

Актуелниот првак Шкендија се раздели со Камер Ќака. Иако беше доведен како големо засилување, сепак, Ќака не успеа да ги исполни очекувањата на фановите и на раководството на клубот од Тетово.
Поради ова, Шкендија спогодбено го раскина договорот со него.


„Камер Ќака му се приклучи на нашиот тим во јануари 2021 година и со Шкендија ја освои титулата шампион на Северна Македонија. Шкендија му се заблагодарува на Камер Ќака за придонесот во „црвено-црниот“ дрес, посакувајќи му многу среќа и успех во продолжението на кариерата“, соопштија од Шкендија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови