
Шкендија го ангажираше бразилскиот интернационалец Андре Менсалао. Тој е второто засилување оваа зима по Михаил Маневски. Македонија ќе биде негово ново искуство во Европа откако во текот на 2021 година настапуваше во ерменскиот шампионат, во редовите на Севан.
„Среќен сум што сум во Тетово и што сум дел од Шкендија. Се чувствувам добро во градот Тетово, тука сум веќе неколку дена и веќе почнав да се навикнувам на овој град. Македонија е мојата втора дестинација во Европа бидејќи во 2021 година бев дел од ерменскиот шампионат каде имав успешен настап. Шкендија има многу добри фудбалери, игра брз и напаѓачки фудбал и мислам дека токму тоа ми одговара бидејќи играм на позицијата офанзивен играч за врска. Во кариерата играв во Бразил, а доаѓањето во Шкендија е нов предизвик за мене да ги покажам сите мои капацитети“, изјави Андре Менсалао при потпишувањето на договорот со Шкендија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
