
Актуелниот првак Шкендија го претстави Кире Маркоски како ново засилување. Повремениот македонски репрезентативец потпиша договор со времетраење од една и пол година.
Маркоски е петтото засилување за Шкендија во овој преоден рок.
„Желбата на секој играч кој настапува во домашното првенство е еден ден да биде дел од Шкендија. Среќен сум што денеска потпишувам со Шкендија, бидејќи создава многу силен тим кој има за цел да ја освои титулата и да бележи континуирани успеси и во европските натпреварувања. Мислам дека во Шкендија ќе можам уште повеќе да се развивам како фудбалер. Едвај чекам да почне првенството за да го дадам максимумот и заедно со соиграчите да дадеме придонес за следите успеси на клубот“, изјави Кире Маркоски кој веднаш по потпишувањето на договорот му се приклучи на тимот во тренинг кампот во Анталија.
Кире Маркоски во кариерата настапуваше за Работнички, АЕЛ Лимасол, Спартак Трнава, Академија Пандев и за Шкупи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 подобра од Индонезија

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
