
Дербито на 21.коло во Првата фудбалска лига се игра во Тетово. Можеби клубовите оваа сезона имаат различни амбиции, меѓутоа пресметките меѓу Шкендија и Вардар отсекогаш привлекувале големо внимание. Така е и овојпат, со тоа што Шкендија се бори за врвот, а Вардар се обидува што е можно побрзо да се извлече од долниот дел на табелата и да обезбеди опстанок.
„Во мирна атмосфера го очекуваме дербито. Јасно е дека тоа ќе биде тежок меч. Очекувам да славиме победа над Вардар и да ги израдуваме нашите навивачи. Максимално сме подготвени, секогаш било тешко да се игра против Вардар, така ќе биде и денеска“, изјави Бруно Дита, фудбалерот на Шкендија.
Лидерот на табелата, тимот на Шкупи, во Чаир ќе го пречека Тиквеш и очекува нов триумф, а актуелниот шампион Струга Трим Лум му гостува на Силекс во Кратово.
„Ова многу важен меч за нас. По двете последователни ремија на стартот на пролетта, посакуваме победа на гостувањето во Кратово. Нема да биде лесно, но ние ќе атакуваме на трите бода“, изјави Меџит Незири.
Работнички се враќа на Арената „Тодор Проески“ и ќе го пречека составот на Брегалница, а во Ѓорче Петров ќе се води голема битка за опстанок меѓу Македонија ЃП и Воска Спорт.
Во Гостивар, домаќинот ќе ја пречека Брера.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 21.КОЛО (денеска, 14 часот)
Шкендија – Вардар
Работнички – Брегалница
Шкупи – Тиквеш
Силекс – Струга
Македонија ЃП – Воска
Гостивар – Брера

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го освои „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна Тотенхем во Лондон (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)
