
Шкендија успешно го стартуваше вториот дел од сезоната во Првата лига, совладувајќи го Силекс со 1-2. Иако кратовци први поведоа со голот на Иван Ивановиќ од пенал во 20.минута, сепак, Срѓан Драшковиќ во 41.минута си постигна автогол, а Љупчо Дориев во 58.минута донесе триумф за Шкендија.
Победи и Шкупи со 0-1 на гости против Борец. Стрелец на победничкиот погодок за тимот од Чаир беше новото засилување Матеј Цветаноски во 78.минута.
Вардар и Пелистер ремизираа 2-2 во „вечното дерби“. Вардарци двапато водеа користејќи ги грешките во одбраната на Пелистер. Филип Петковски погоди во третата минута по големата грешка на Давор Талески, а израмни Иван Пејаковиќ во 22.минута.
Во 48.минута Мартин Мирчевски постигна нов погодок за Вардар по грешката на Илиевски, а израмни Борче Маневски во 79.минута. Пелистер имаше уште неколку шанси и за триумф, а најизгледната не ја искористи Илијовски.
Струга Трим Лум и Македонија ЃП ремизираа 1-1. Есмин Личина во 50.минута донесе предност за „лавовите“, а израмни Марјан Алтипармаковски со голот во 85.минута.
Беласица има успешен старт со новиот тренер Ѓоре Јовановски славејќи со 2-4 на гости во Тетово против Ренова. Антонио Каланоски постигна хет – трик, од кои двапати стрелаше од пенал, а погоди и Бесар Гуџуфи. Стрелци за „гипсарите“ беа Фатјон Јусуфи во 59.минута и Фиип Стојчевски во 61.минута од мечот.
ПРВА ЛИГА, РЕЗУЛТАТИ – 19.КОЛО
СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА 1-2
БОРЕЦ – ШКУПИ 0-1
ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР 2-2
РЕНОВА – БЕЛАСИЦА 2-4
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-1
РЕНОВА – БЕЛАСИЦА 2-3
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ 0-1
Standings provided by SofaScore LiveScore

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Сонот на Меси, страста на Мароко и демократијата на Катар
Светското првенство функционира секогаш и секаде. Нема ништо слично, тоа е најразновидниот настан во...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Играат добро, ама бадијала – ако не победуваат!
Каде бевте? На натпревар. Што направивте? Игравме добро. Не, не, што направивте? Резултат…Загубивме. Ама,...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Лајпциг во четвртфиналето на Купот (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Лајпциг во четвртфиналето на Купот (ВИДЕО)
