Сенегалскиот интернационалец Фабрис Тамба по само пет месеци поминати во Шкупи се пресели во редовите на ривалот Шкендија. Напаѓачот пристигна во Македонија во септември минатата година од португалскиот клуб Беира Мар, а денеска официјално беше промовиран како ново засилување на тетовските „црвено-црни“.
Тамба игра како десно крило и централен напаѓач, а од него се очекува да биде значајно засилување за Шкендија во борбата за титулата во пролетниот дел од сезоната.
Во тековната сезона, Сенегалецот одигра 12 натпревари во Првата македонска лига, при што постигна три гола и забележа една асистенција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













