Connect with us

Шкендија го доведе Ералд Цинари како засилување за нападот

Македонскиот прволигаш Шкендија доведе уште едно квалитетно засилување за вториот дел од сезоната. Тетовскиот тим предмалку го промовираше крилниот напаѓач Ералд Цинари. Се работи за квалитетен офаннзивец, албански интернационалец, кој досега беше член на турскиот Самсунспор.

Тој треба сериозно да го зголеми квалитетот на навалната линија во тимот на Ќатип Османи, а потпиша договор за 1,5 година.

Ералд Цинари има 26 години и игра на левата крилна позиција, иако по потреба може да се пресели и на десната страна во нападот.

Шкендија претходно ги доведе и Максимов, Ќака, Мујезиновиќ и Милев.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови