Македонскиот првак Шкендија може да биде задоволен од ждрепката за првото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Тетовци, кои беа меѓу неносителите, имаа среќа и го добија веројатно најпосакуваниот противник од првиот шешир – велшкиот шампион ТНС.
Првиот натпревар ќе се игра на теренот на ТНС, додека реваншот ќе се одигра во Тетово, што претставува мала, но значајна предност за „црвено-црните“.

Ова нема да биде прв дуел меѓу двата клуба. Во 2018 година, Шкендија го декласираше ТНС со убедливи 5-0 во Скопје – една од највисоките европски победи на македонски тим. Но, во реваншот на островот, велшкиот тим изненади со победа од 4-0, потсетувајќи дека и тоа како знае да биде опасен на домашен терен.
Првите натпревари се закажани за 8 и 9 јули, додека реваншите ќе се играат на 15 и 16 јули. Шкендија сега ќе се обиде да го повтори успехот од 2018 – но овојпат, со поцврста игра на двете страни.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













