
Шкендија го декласира Вардар со 1-6 на националната арена „Тодор Проески“ и најави црни денови за најтрофејниот македонски клуб. Шкупи во снежна атмосфера го совлада Силекс во Кратово со 1-3 и ја продолжува трката за титулата, а и Македонија ЃП оствари триумф (1-2) против Ренова.
Академија Пандев го совлада составот на Струга Трим Лум со 1-0, а Беласица и Работнички ремизираа 1-1. Утре се игра дуелот меѓу Борец и Пелистер.
Мартин Мирчевски во десеттата минута донесе изненадувачка предност за Вардар, но тоа само ја налути Шкендија. Флорент Рамадани израмни во 27.минута, а Бесарт Ибраими од пенал се погрижи за пресврт во 34.минута. Во вториот дел вистински дебакл за Вардар.

Бесарт Ибраими во 49.минута и Љупчо Дориев во 55.минута го потврдија триумфот на Шкендија, а до крајот стрелаа и Рубин Хебај и Дашмир Елези за конечни 1-6.
шкупи славеше со 1-3 против Силекс во Кратово. Ристе Каракамишев во снежни услови го доведе Силекс во водство во 15.минута, но израмни Абдул Руатубјаје во 38.минута. Ламине Дијак погоди за 1-2 во 71.минута, а осум минути подоцна Тимовски заработи црвен картон и Силекс остана со играч помалку. На крајот, Региналдо во 88.минута го постави конечниот епилог.

Академија Пандев оствари важен триумф славејќи со 1-0 против Струга Трим Лум. Стрелец на победничкиот гол беше Кристијан Велиновски во 29.минута, а Коста Манев во завршницата заработи црвен картон.
Македонија ЃП славеше со 1-2 против Ренова во Тетово. Шефит Шефити во 16.минута донесе предност за „гипсарите“, израмни Филип Алексовски во 36.минута, а Чарлестон да Силва во 90. минута погоди за триумф на „лавовите“.
Беласица и Работнички ремизираа 1-1. „Романтичарите“ пропуштија безброј шанси, а од пораз ги спаси Петар Петковски во 89.минута. Беласица поведе со голот на Бесар Гуџуфи во 18.минута.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Гостивар го напушти теренот откако прими два гола и мечот не се доигра, но...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
