
Актуелниот првак Шкендија ја оствари првата победа на подготовките во Анталија. По ремито (2-2) против унгарскиот тим Шиофок, денеска Шкендија го совлада полскиот тим Пјаст Гливице со 4-1.
Првиот дел и припадна на Шкендија со погодокот на капитенот Егзопн Бејтулаи кој погоди во 17.минута. Во второто полувреме имаше уште многу голови, а на крајот тимот на Бруно Акраповиќ оствари убедлив триумф.
Зија Мерџани во 55.минута зголеми на 2-0, а Пјаст Гливице возврати преку Рајнер. До крајот блесна Дашмир Елези. Младиот напаѓач ги постигна последните два гола во 79. и во 84.минута.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski