Connect with us

Шкендија ги пушти во продажба билетите за мечот со Јагиелонија

Билетите за натпреварот помеѓу Шкендија и Јагиелонија (Полска), од третото коло на УЕФА Конференциската лига, се веќе во продажба преку онлајн-платформата МК Тикетс. Билетите покрај што ќе се продаваат и онлајн, достапни се и на физички локации.

Клубот соопшти дека при одредувањето на цените се водел според стандардите на УЕФА. Цените на билетите се за Јужна трибина 500 денари (блокови 1 и 6), 600 денари (блокови 2 и 5) и 750 денари (блокови 3 и 4), додека за Северна трибина цената е 500 денари (блок 13), 700 денари (блокови 20, 21 и 23), 800 денари (блок 14) и 2000 денари (ВИП – блок 22).

Натпреварот Шкендија – Јагиелонија ќе се одигра на 6 ноември во рамките на третото коло од групната фаза на Конференциската лига на УЕФА, на Арената „Тодор Проески“ од 21 часот.

Тетово:
Doni Tobacco – Центар (Блок 2)
Pika Tobacco – Центар (Блок 2)
Monaco Tobacco – Кружен тек кај поранешната слаткарница „Такси“ (Јужна трибина & ВИП)
ER Tobacco – Автобуска станица (Блок 2 & 5)
Piti Tobacco – Зелен пазар (Блок 5)

Гостивар (од понеделник):
Western Union Lira Gostivar – кај „Барок“ (Блок 5)

Скопје:
Билетара на стадионот „Тодор Проески“, само на денот на натпреварот (06.11.2025)

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови