Македонскиот прволигаш Шкендија ги стартуваше зимските подготовки. Денеска тимот го одработи првиот тренинг за 2023 година и на фудбалерите им беше претставена програмата од подготвителната фаза. Присутни беа сите фудбалери, меѓу кои и јануарското засилување Методи Максимов. Со дозвола од клубот отсуствуваше капитенот Ферхан Хасани, кој од четврток се приклучува на тимот.

Денеска и утре фудбалерите ќе ги минат лекарските прегледи, додека од петок екипата ќе излезе на терен и ќе продолжи со два тренинзи дневно.

До 24 јануари Шкендија ќе продолжи со работа во Тетово и планирани се два контролни натпревари од најлесно ниво. На 25 јануари е планирано патување за Анталија каде ќе биде одработена централната фаза од подготовките и ќе се престојува до 10 февруари.

Во Турција, покрај физичката и техничко-тактичката работа, предвидени се и четири контролни натпревари против квалитетни противници.
Пролетниот дел од сезоната е почнува на 19 февруари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













