
Македонскиот претставник Шкендија вечерва (20 часот) го игра реваншот против ерменскиот тим Ноа во првото квалификациско коло од Конференциската лига. Негативата од два гола од првиот меч (2-0) ќе треба да се надомести, а тренерот Јетон Беќири потенцираше дека неговиот тим ќе мора да одигра многу подобро на реваншот.
„Веруваме дека имаме квалитет за да излеземе како победници. Многу боли поразот од 2-0, но направивме две исклучително големи грешки и бевме казнети. Не одигравме добро, посебно во нападот. Сега ќе мора да бидеме многу поконкретни и ќе веруваме до самиот крај дека можеме да го елиминираме ривалот. Мора да одиграме храбро и офанзивно и не смееме да бидеме нетрпеливи, затоа што во денешниот фудбал пресврт може да се случи и за неколку минути. Ќе веруваме во наш успех до последне момент”, изјави тренерот на Шкендија, Јетон Беќири.
Дефанзивецот Клисман Цаке вели дека тимот е подготвен да ја анулира негативата од првиот натпревар во Ереван.
„Се надеваме дека нема да ги повториме грешките, дека ќе покажеме подобра игра и дека ќе ја анулираме негативата. Поразот од 2-0 во Ереван не го заслуживме со играта, но сега е тоа зад нас и ќе треба да не мотивира дополнително за да оствариме триумф. Сите што вечерва ќе излезат на теренот, ќе имаат само една мисла, како да ја надоместат негативата и да обезбедат пласман за Шкендија во следната рунда“, истакна Цаке.
Натпреварот меѓу Шкендија и Ноа се игра вечерва, со почеток од 20 часот, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Тоа е реванш меч од првото квалификациско коло во Конференциската лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го доби вечното македонско дерби со брзината и генијалните потези на Роџерс Мато,...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski