Connect with us

Шкендија без капитенот Алими во нов триумф против Шкупи

Лидерот на табелата Шкендија денеска (14 часот) гостува на Чаир и сака да ја продолжи победничката низа во Првата фудбалска лига. Има одличен меѓусебен биланс и против денешниот ривал Шкупи, а во составот ќе го ни нема капитенот Арменд Алими и десниот бек Мевљан Мурати поради жолти картони. Сепак, желбата е да се освојат нови три бода, со оглед дека шефот на стручниот штаб Ќатип Османи има на располагање навистина квалитетен ростер.

Изаир Емини е ударната игла во нападот во отсуство на повредениот Бесарт Ибраими. 

„Мислам дека влегуваме во посакуваната форма. Не е можно целото првенство да се одигра во ист стил. Некогаш имаме и криза, но верувам дека го пронајдовме моментот и дека сега ќе продолжиме во победнички стил. Шкупи е квалитетен состав, ги респектираме максимално, но и очекуваме триумф. Ќе биде тоа навистина тежок натпревар и за двата тима“, изјави Изаир Емини.       

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови