
Струга Трим Лум продолжи со одличниот настап на стартот од сезоната, славејќи убедливо со 3-0 против Тиквеш. Со овој триумф, избраниците на Бледи Шкемби стигнаа до петта победа по ред во првите пет кола, што претставува еден од најуспешните стартови на нов тренер во клупската историја.
По завршувањето на натпреварот, стратегот нагласи дека успехот е резултат на тимската работа.
„Нормално дека сум задоволен од победата, но уште повеќе од дисциплината и залагањето што играчите го покажаа на теренот. Пет последовни победи не се лесни за постигнување, но тоа е доказ дека имаме компактен колектив кој знае што сака и целосно ги исполнува барањата на стручниот штаб“, изјави Шкемби.
Тој додаде дека и покрај убедливиот резултат, натпреварот со Тиквеш не бил едноставен.
„Се работеше за тежок меч, но успеавме да ја држиме контролата и заслужено стигнавме до победата. Особено ме радува фактот што на домашен терен не примаме голови“, рече тренерот на Струга.
Триумфот ја продолжи импресивната серија на Струга Трим Лум без примен погодок дома – трет последовен меч во кој противниците не успеваат да постигнат гол. Претходно, Струга славеше со 2-0 против Македонија ЃП и Работнички, како и со убедливи 5-0 против Башкими во Куманово. Единствениот тим што досега им има дадено погодок е Арсими.
Во петте одиграни кола, Струга Трим Лум има постигнато 14 голови и примено само еден.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)
