Connect with us

Шевченко: Украина мора да има силно домашно првенство за да се натпреварува со големите репрезентации

Селекторот на Украина, Андриј Шевченко, доживеа големо разочарување по убедливиот пораз од Англија (0-4) во четвртфиналето на Европското првенство. Сепак, смета дека е голем успех и самиот пласман во оваа фаза, а на Украинците им недостига многу подобар квалитет на домашната лига доколку сакаат да се носат со ривали од калибарот на Англија.


„Англискиот тим е навистина силен, како индивидуално, така и како тим, тие имаат одличен тренер Герет Саутгејт и стигнаа до полуфиналето, а мислам дека можат и до финалето“, изјави Шевченко.

Украина ќе мора да посвети многу повеќе внимание на базата, на домашното првенство, доколку сака да продолжи со вакви успеси во контиунитет.

„Додека немаме домашно првенство на добро ниво, ретко ќе доаѓаме на вакви натпреварувања. За да можете да се натпреварувате со такви играчи, мора да имате играчи кои играат во најдобрите пет европски лиги“, потенцира Шевченко.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови