
Поранешниот голгетер на Милан, Андриј Шевченко, доби отказ од функцијата тренер на Џенова по само девет првенствени натпревари на клупата на италијанскиот клуб, потврдија од „Мараси“.
Шевченко по заминувањето од репрезентацијата на Украина реши да се испроба и во клупскиот фудбал во земјата каде што остави најдлабока трага како играч, но со тимот освои само три од можните 27 бода и разделбата беше неизбежна.
На поранешниот украински фудбалер не му помогна ниту распоредот. Тој пристигна во Џенова на 7 ноември, со надеж дека ќе му помогне на клубот во борбата за опстанок, а го остава со пет бода зад местото кое гарантира игра во Серија А и следната сезона.
Дебитираше со пораз од Рома на 21 ноември. После тоа не успеа да оствари ниту една победа во лигата, а бод им одзеде само на екипите на Сасуоло, Аталанта и Удинезе.
На клупата на Џенова ќе седне Бруно Лабадија, со кого клубот ќе потпише двегодишен договор. Поранешниот германски фудбалер е без работа помалку од една година откако беше сменет во Херта на крајот на јануари 2021 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Шешко не сака да оди во Саудиска Арабија

Евро-фудбал
Атлетико Мадрид се фокусира на Адемола Лукман

Прва лига
Матиќ: Вардар секогаш игра на победа
