
Легендарниот Украинец Андриј Шевченко, кој сега е тренер на Џенова, сака да го доведе Миралем Пјаниќ во редовите на италијанскиот прволигаш. 31-годишниот играч од средниот ред ќе ги напушти редовите на Бешикташ на крајот од сезоната кога ќе му истече позајмицата, но нема да остане во Барселона, а тоа Џенова сака да го искористи и да го врати во Серија А.
Сепак, неговата плата од 6 милиони евра е најсериозниот проблем при преговорите.
Покрај Пјаниќ, на списокот на Шевченко со посакувани засилувања се и Матијас Весино од Интер, чиј договор со „нероаѕурите“ истекува летото 2022 година, како и Саму Кастиљехо од Милан и Андриј Јармоленко од Вест Хем.
Шевченко ќе се обиде да ги донесе преостанатите тројца од оваа листа веќе во зимскиот преоден рок, за да го спаси клубот од испаѓање што е приоритет за оваа сезона.
Џенова моментно е на 18. место во Серија А со само 11 бода од 19 одиграни натпревари, а Специја која е прва над црвената зона има пет бода повеќе.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
