Полскиот интернационалец Војчех Шчешни и поставил услов на Барселона за да се сложи да ја прекине пензијата и да се врати на фудбалскиот живот. Тој напоменал дека ќе дојде само доколку биде прв голман на клубот, а Инаки Пења повторно да се пресели на клупата.
Медицинските прегледи што треба да ги направи пред да пристигне во Барселона веќе се закажани за в понеделник, а наводно тренерот Ханси Флик му дал гаранции дека ќе биде прв голман на тимот.
Поранешниот голман на Арсенал и Јувентус треба да потпише договор до крајот на сезоната и за тоа ќе добие плата од 3 милиони евра, плус бонуси.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski