Шкендија доживеа елиминација на пенали од АИК (3-4) откако во двата меча против шведскиот ривал, заедно со продолженијата во Скопје вкупниот резултат беше 2-2.
Тренерот Артим Шаќири е разочаран од елиминацијата, но горд од изданијата на својот тим.
„Горд сум на момците и тоа што го покажавме. Заслуживме да победиме и да одиме понатаму, но таков е фудбалот, среќата не беше на наша страна. Пеналите се лотарија, за жал, овој пат несреќна за нас“, изјави Шаќири.
Тој вели дека во изградба е еден нов тим на Шкендија кој треба да победува на долг рок.
„Игравме против една силен тим како АИК и се носевме рамноправно. Градиме една Шкендија на долг рок. Жал ми е за играчите кои се разочарани по оваа елиминација. Хасани е тажен по промашениот пенал, но животот продолжува мора да останеме силни“, истакна тренерот на Шкендија.
Шкендија престојниов викенд се ориентира на домашата фудбалска сцена и натпреварот со Силекс од второто коло во Првата фудбалска лига.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski