
Првата фудбалска лига се враќа на сцена, а лидерот на табелата Струга Трим Лум гостува во Кавадарци. Капитенот Буњамин Шабани посакува три бода од пресметката со Тиквеш.
„Натпреварот со Тиквеш е многу важен за нас. Го почитуваме противникот, бидејќи се работи за квалитетна екипа, но за нас најважни се бодовите. Ќе дадеме сè од себе за победа во Кавадарци“, вели Буњамин Шабани.
Дербито се игра во Кичево, каде Шкупи поради суспензијата ќе ја пречека Шкендија во меч без присуство на публика.
Победа е домаќин на Работнички во Прилеп, а Брегалница ќе го пречека Скопје. Македонија ЃП во Ѓорче Петров ќе се пресмета со Академија Пандев.
ДВОЈКИ ЗА 19.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)
Кичево: Шкупи – Шкендија
Кавадарци: Тиквеш – Струга ТЛ
Штип: Брегалница – Скопје
Прилеп: Победа – Работнички
Скопје: Македонија ЃП – Академија Пандев

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
