
Струга Трим Лум по две шампионски години и настапи на европската сцена, ова лето остана со „празни раце“, ја предаде лани титулата на Шкендија, а не успеа и на последниот чекор во Купот на Македонија. Следеа промени, и во стручниот штаб и во играчкиот кадар, па со освежен и реновиран лик стружани се надеваат дека ќе се вратат на шампионските патеки во сезоната што овој викенд го има својот почеток.
Буњамин Шабани е „староседелец“, лидер на тимот и капитен, и најавува дека Струга Трим Лум има капацитет и квалитет и во новата сезона да се бори за највисок пласман.
„Имаме нов тренер и неколку нови фудбалери, но амбициите и целите се исти, Струга Трим Лум е подготвена да се бори за да биде највисоко на табелата. Нема да биде лесно, имаме максимална почит за конкурентите, но исто така и веруваме во своите квалитети. Ќе видиме како ќе се одвива сезоната, а ние сме подготвени уште од стартот да одиме во полн ритам. Со нови идеи во нови победи“, вели капитенот на Струга Трим Лум за официјалниот сајт на ФФМ.
На стартот, крај езерото денеска (17.30 часот) гостува Македонија ЃП, повратникот во елитата. Шабани максимално ги респектира, посебно што по традиција „лавовите“ се непријатен ривал за Струга ТЛ.
„Македонија ЃП ни е традиционално незгоден противник. Ги респектираме апсолутно, тие се вратија во Првата лига, но и веднаш се засилија со неколку квалитетни фудбалери. Знаеме дека секој старт е тежок, но верувам дека ќе го дадеме максимумот и дека со помош на публиката ќе успееме да ги освоиме трите бода“, истакнува Буњамин Шабани.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Глазгов Ренџерс сака да го врати Бојан Миовски во Шкотска

Евро-фудбал
Педри: Нема да молчам, тоа не беше пенал!

Евро-фудбал
Ханси Флик: Верувавме во победата до самиот крај
