
По обезбедувањето на финалето во Купот на Македонија, капитенот на Струга ТЛ, Буњамин Шабани, не го криеше задоволството. За него ова ќе биде второ финале со клубот, а желбата за трофејот кој недостига во неговата кариера е поголема од кога било досега.
„Купот е трофејот што ни недостига. Ако успееме да го донесеме во Струга, тоа ќе биде вистинската ‘јаготка на шлагот’ за оваа сезона“, изјави Шабани за клупскиот сајт.
Со освојување на Купот, екипата од Струга повторно би обезбедила настап во европските натпреварувања, што секако е една од главните цели на клубот и оваа сезона.
„Ова ми е второ финале во дресот на Струга Трим Љум. Ќе направиме сѐ што можеме да го освоиме овој трофеј. Градот го заслужува тоа, но и семејството Ќира, кое направи Струга да се запише на фудбалската мапа на Европа“, нагласи Шабани.
Финалето следува по двомечот со Шкендија, во кој стружани одиграа 1-1 на домашен терен, но благодарение на победата од 1-2 во Тетово, изборија пласман во големото финале.
„Во вакви натпревари, тактиката игра клучна улога. Знаевме дека ќе биде тешко, но ја постигнавме целта. Горди сме што повторно ќе играме финале“, додаде капитенот.
Ривал во финалето ќе им биде најтрофејниот македонски клуб Вардар, а Шабани најавува неизвесен, но возбудлив меч.
„Станува збор за квалитетен противник, но ние веруваме во себе. Имаме тимска хемија и сила да го освоиме овој трофеј“, изјави Шабани.
Финалето меѓу Струга Трим Лум и Вардар ќе се одигра на 21 мај, најверојатно на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно
