Актуелниот шампион Струга ТЛ утре гостува во Тетово и ќе игра против Шкендија во меч за одбрана на титулата. Капитенот Буњамин Шабани вели дека дуелот ќе го решаваат нијанси.
„Тоа е многу важен натпревар и за нас и за Шкендија. Тоа е дерби за титула. Убаво е во нашето првенство да има вакви дерби натпревари. Атмосферата во нашиот тим е одлична, работевме во текот на неделата и го анализиравме противникот. Шкендија има квалитетен тим, а утрешното дерби ќе го решаваат нијанси“, вели Буњамин Шабани.
„Шкендија ќе има поддршка од навивачите, но во нашиот тим има фудбалери кои добро ја познаваат таа средина и атмосферата што се создава во Тетово, па тоа нема да биде голем минус за нас како тим. Се надевам дека и јас и тимот ќе повториме едно од минатите добри изданија од дуелите против Шкендија и верувам дека ќе дадеме сѐ од себе да ја оствариме целта“, истакнува Шабани.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













