
Тоа што можеше и да се очекува по позитивните случаи на Ковид-19 и во фудбалските прволигаш Шкендија и Ренова, денеска официјализирано на вонредната седница на Управниот одбор на ФФМ кој одлучи за целосен прекин на сезоната во Првата македонска фудбалска лига и во Купот на Македонија.
„Имајќи ја во предвид целокупната епидемиолошка ситуација во земјата и фактот дека бројот на ново заболени секојдневно се зголемува, Управниот одбор на ФФМ го прифати предлогот на Комисијата за натпреварување за прекин на натпреварувачката сезона 2019/2020 во Прва МФЛ и натпреварувањето во Купот на Македонија“ – се вели во соопштението по состанокот на УО на ФФМ.
„Следејќи ја здравствената состојба во нашата држава, посебно во последните неколку денови и ситуацијата со позитивните тестови на вирусот Covid-19 потврдени кај неколкумина фудбалери од ФК Ренова и ФК Шкендија, потоа процесот на самоизолација од две седмици кои треба да го помине целиот тим на ФК Ренова, како и неможноста во вакви, вонредни услови, земајќи го во предвид и ограничувањето на движење, клубовите да го продолжат тренинг процесот пропишан во здравствениот протокол, Управниот одбор донесе одлука да ја прекине натпрварувачката сезона 2019/2020 во Прва МФЛ. Раководството на Фудбалската федерација на Македонија оваа одлука им ја соопшти и на службите во УЕФА, потенцирајќи ја состојбата во нашата држава од здравствен аспект и неможноста да се предвиди временската рамка во однос на евентуалното продолжување на првенството, односно со ново настанатата ситуација не може да се гарантира дека продолжувањето на националниот шампионат би имал регуларен тек. Од Европската фудбалска Асоцијација (УЕФА) истакнаа дека се исклучително горди на нашата „Куќа на фудбалот“ земајќи го во предвид фактот дека ФФМ и покрај сите предизвици во изминатиот период имаше за цел да направи обид и да ја примени најдобрата опција за продолжување на клупското натпреварувања од Прва МФЛ за да се овозможи правилно, по спортска заслуга, продолжување и завршување на домашното натпреварувања“ – истакнуваат од ФФМ.
Со тоа е ставена точка на сезоната во Првата лига без прогласување шампион.
„Нема да се прогласи шампион во Првата македонска фудбалска лига. Процесот на лиценцирање се уште е во тек, а потоа ќе бидат одредени екипи кои ќе не претставуваат во европските натпреварувања следната сезона“ – информираа од Фудбалската федерација на Македонија.
По оваа одлука за првпат по осамостојувањето македонскиот фудбал ќе биде без шампион. ФК Вардар остана без можноста да стигне до својот 12-ти трофеј во историјата, останувајќи на претходните 10 од независна Македонија и единствениот во рамките на поранешната југословенска лига во 1987 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар продолжи со одлични игри и во Струмица совладувајќи ја Брера со 0-2, со...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Женски фудбал
Фудбалерките до 16 години на развоен турнир во Албанија

Евро-фудбал
Баерн Минхен му понуди нов договор на Лирој Сане

Евро-фудбал
Арсенал ќе понуди 30 милиони евра за Арда Гулер

Евро-фудбал
Состави ЛШ: Барса и ПСЖ во тотална офанзива
