Севилја и Барселона одиграа 1-1 во дерби – натпреварот на „Санчез Пижуан“. Ова е одличен резултат за Севилја, ако се знае дека домаќинот од 64.минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Жул Кунде. Тој доби црвен картон поради неспортско однесување и фрлање на топка в лице кон противнички играч.
Сепак, на ремито најмногу се израдува лидерот Реал Мадрид кој ја задржа предноста од пет бода во однос на Севилја на врвот на табелата во ла Лига. Барселона се наоѓа на седмата позиција со 28 бода.
Папу Гомез во 32.минута донесе водство за Севилја, но израмни Роналд Араухо пред самиот крај на првиот дел.
Осман Дембеле во 84. минута го погоди дирекот, но Севилја сепак успеа да освои бод.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона













