
Севилја го совлада Леванте на гости со 2-3 и се врати на втората позиција на табелата во Ла Лига со 63 бода. Леванте останува во опасната зона на претпоследното место и до крајот ќе се бори за опстанок во елитата.
Хезус Корона ја доведе Севилја во водство, но израмни Хозе Моралес од пенал во 22.минута. Сепак, само пет минути подоцна Корона со втор гол повторно донесе предност за гостите.
Моралес во вториот дел не реализира втор пенал, а Жул Кунде во 81.минута постигна трет гол за Севилја. Роберто Солдадо во 88.минута намали на 2-3, но Леванте не успеа да избегне пораз. Енис Барди влезе во игра во второто полувреме од мечот.
Рајо Ваљекано славеше со 0-1 на гости против Еспањол, а стрелец на победничкиот гол беше Серхио Гвардиола во 42.минута од натпреварот. Столе Димитриевски беше на голот на Рајо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
