Сергеј Милинковиќ-Савиќ може да се врати во Италија ова лето, откако Ал-Хилал е подготвен да го пушти ако пристигне понуда од 23 милиони евра. Иако е еден од најдобрите играчи во тимот и неколкупати е прогласен за играч на месецот во саудиската Про лига, клубот од Ријад има амбиција да донесе нови, уште поголеми ѕвезди, па со тоа Милинковиќ-Савиќ би можел да стане „вишок” во проектот.
Проблемот е платата, Србинот заработува над 20 милиони евра по сезона, што во Серија А е невозможно да се исплати, дури и кај најбогатите клубови. Според „Калчомеркато“, тој ќе мора да прифати намалување на платата за три до четири пати доколку сака да игра во Италија.
Во игра повторно се споменуваат Јувентус, Интер и Милан, кои го следеа уште од времето кога блескаше во Лацио, но се вклучува и Наполи, особено ако тие направат реконструкција на средниот ред.
Во текот на сезоната 2024/25, Милинковиќ-Савиќ постигна 10 гола и пет асистенции во 27 меча, иако Ал-Хилал не ја одбрани титулата. Овој биланс го одржува неговиот интерес на пазарот, особено кај клубови кои сакаат искусен, физички силен и креативен играч во средината на теренот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













