
Српскиот интернационалец Сергеј Милинковиќ Савиќ во летниот преоден рок ќе го засили Реал Мадрид, открива шпанскиот „Дон Балон“. Тој треба да биде наследник на Лука Модриќ во средниот ред на „кралскиот клуб“.
35-годишниот Модриќ одигра одличен натпревар против Аталанта, покажа дека може и понатаму да настапува на врвно ниво, но Зинедин Зидан знае дека полека треба да го бара неговиот наследник. Тој има одлично мислење за Сергеј Милинковиќ Савиќ и смета дека ѕвездата на Лацио би била одлично решение во линијата за врска.
Трансферот би требало да изнесува 70 милиони евра, а Лацио би можел да добие и уште еден помлад фудбалер на „кралскиот клуб“ на позајмица.
Сергеј Милинковиќ Савиќ оваа сезона во дресот на Лацио одигра 31 меч, постигна шест гола и запиша девет асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами
