Португалскиот стратег Серџо Консеисао, кој досега го предводеше Порто, треба да биде нов шеф на стручниот штаб на Елиф Елмас во Наполи, тврди „Кориере дело спорт“. Тој е главниот фаворит за клупата на „наполитанците“ која е испразнета откако претседателот Аурелио де Лаурентис утрово и официјално се раздели со Џенаро Гатузо.
Консеисао со Порто успеа да го елиминира Јувентус од Лигата на шампионите оваа сезона, а треба да биде промовиран во Наполи во наредните неколку дена. Тој добро ги познава Апенините со оглед дека како фудбалер настапуваше за Лацио, Парма и за Интер, а ова би била прва тренерската задача за него во Серија А.
Португалецот последните четири сезони го предводеше Порто, двапати успеа да ја освои шампионската титула, а освои и еден куп-трофеј.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













