Никола Серафимов го одигра вториот натпревар за А-селекцијата на Македонија, повторно против Гибралтар, и може да се пофали со максимален ефект. Тој вели дека овој триумф беше очекуван, а жали за поразот од Грузија.
„Одигравме добар натпревар во кој работата си ја завршивме во првото полувреме. Тоа ни беше целта и замислата. Селекторот ни даде шанса на сите, честитки за сите што дебитираа во дресот со националниот грб. Во однос на овој циклус, добро е што остануваме во игра. Штета е што загубивме така со Грузија пред нашата публика пред три дена, но тоа е што е, одиме понатаму. Најважно е да останеме секогаш како тим и да продолжиме понатаму. Верувам во оваа екипа“, изјави Серафимов.
Репрезентацијата на Македонија натпреварите во Лигата на нации ги продолжува во септември.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













