
Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов го продолжи договорот со унгарскиот прволугаш Фехервар на уште две години. Тој пристигна во Фехервар во 2022 година од редовите на Залаегерсег, а претходно играше за Академија Пандев, Пелистер и за Вардар.
„Првата сезона во Фехервар не одеше како што планирав, игравме лошо, а јас имав две повреди. Но, оваа сезона е позитивна, а тоа го покажуваат и резултатите на тимот. Нашата цел е да ја освоиме едно од првите три места, а засега добро ни оди. Сепак, не се откажуваме од второто место и ќе се обидеме да го преземеме во последните две кола. Потоа ќе мислиме за следната сезона. Јас лично сум задоволен што со клубот ја продолживме соработката и ќе играм за Фехервар и следната сезона“, изјави Серафимов за веб-сајтот на клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” агол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
