Connect with us

Сер Алекс го спасил Солскјер од отказ, но ќе мора итно да тргне со победи

Дебаклот од Ливерпул (0-5) на „Олд Трафорд“ за малку ќе му пресудеше на Оле Гунар Солскјер. Тој беше пред отказ во Манчестер Јунајтед, но легендарниот сер Алекс Фергусон го убедил раководството на клубот да му даде уште една шанса да се обиде да го крене тимот и да почне да победува.


По дебаклот во најголемото англиско дерби, Јунајтед веќе заостанува осум бода зад водечкиот Челси во Премиер – лигата. Тимот испадна од Лига купот од Вест Хем, а по три кола од групата на Лигата на шампионите има шест бода, но освоени на многу среќен начин, без доминација.

Поради сето ова Солскјер веќе ја нема довербата ниту од управата на клубот, ниту од играчите. Се споменува Антонио Конте како негов наследник.

Сепак, раководството на Манчестер Јунајтед одлучи Солскјер да остане на менаџерската позиција, но тоа е извесно само за следниот првенствен натпревар кој ќе го одигра против Тотенхем в сабота. Клучен фактор за Солскјер да биде спасен била поддршката на Сер Алекс Фергусон.

Манчестер Јунајтед има навистина тежок распоред. За само една седмица ќе игра против Тотенхем, потоа против Аталанта во Лигата на шампионите, а потоа го очекува и градската мегапресметка со актуелниот шампион Манчестер Сити.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови